Mакедонско друштво "Илинден"-Тиранa

Македонско друштво "Илинден" - Тирана 

Shoqata Maqedonase "Ilinden" - Tiranë

Macedonian Association "Ilinden" - Tirana

  • За нас
  • Македонците во Албанија
  • Слики Голо Брдо
  • Слики Мала Преспа
  • Слики Гора
  • Слики Врбник

Македонско друштво "Илинден"-Тирана е основано на 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија од група на граѓани со македонско потекло кои живеат во Тирана. Здружението е воспоставено со цел да се заштити Македонското национално малцинство на целата територија на Република Албанија.
Претседател на Македонското друштво "Илинден" - Тирана - Никола Ѓурѓај

Основни цели и задачи на друштвото

Заштита на малцинските права на македонското малцинство во Албанија. Организација на фолклорни фестивали во Голо Брдо и Тирана. Активности за запознавање и промоција на културните вредности на македонското малцинство во Албанија. Организација на курсеви по македонски јазик. Заштита на мајчиниот јазик и народните костуми и обичаи. Зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност, со цел за соработка кон подобра иднина. Организирање на семинари, предавања, спортски збиднувања со цел за запознавање и здружување на младината. Создавање на центар за советување за млади за спречување на негативните ефекти кои се појавуваат во нивните животи, како: наркоманија, алкохолизам, трговија со луѓе, проституција и сл. Поттик на младите да бидат промотери на еколошките вредности и биолошкиот диверзитет во Голо Брдо. Обезбедување хуманитарна помош од странски или домашни партнери  за поддршка на програмите и проектите на здружението за помош на младите. Извршување на студии и истражувања на полето на социјални служби и правата на младите луѓе. Информирање на јавноста и надлежните власти за проблемите на младите како: образование, вработување и интегрирање во општеството. Лобирање за правата на младината, зголемувајќи го влијанието во делот на правните реформи и примена на постоечката легислатива за оваа таргет група. Организирање на културно-уметничка програма, телевизиски програми за млади и проблематиката која нив ги засега, како и нивна публикација во весници, списанија, документи, летоци итн. Извршување на секое дејство и иницијатива што ќе послужи за постигнување на целите на ова Здружение и што е во согласност албанската легислатива во сила.


Знаме на Македонско друштво "Илинден"- Тирана

Picture

Грб на Македоско друштво "Илинден"-  Тирана

Picture


Македонско друштво ''Илинден''-Тирана Огранок Голо Брдо е формиранао 15.10.2012 година. Со цел заштита на Македонското национално малцинство во Областа Голо Брдо Република Албанија. 
Претседател на Македонското друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо - Ули Халилај

Знаме на Македонско друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо

Picture

Грб на Македонско Друштво "Илинден"-Тирана Огранок Голо Брдо

Picture

Powered by Create your own unique website with customizable templates.